Градот Закопане во Полска, кој важи за популарна дестинација за зимски спортови и туризам, секоја година го гради најголемиот снежен лавиринт во светот.
На изградбата на џиновскиот лавиринт, кој што е поголем од десет тениски игралишта заедно, околу еден месец работат 50 работници. Зафаќа површина од 2.500 метри квадратни и изграден е од над 60.000 тули мраз.
Освен фасцинантната ледена структура посетителите на снежната атракција Snowland ќе уживаат и во внатрешноста на снежниот замок преполн со скулптури и скриени богатства. Таа ќе биде отворена за јавноста во јануари 2020 година.
125