„Музички орнаменти“ од Емил Солески во ликовната галерија на Цепенков

На 13.12.2019, петок во 19.30 часот во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на скулптури „Музички орнаменти“ од прилепскиот уметник Емил Солески.

 

Се работи за збирка од десеттина скулптури работени во мермер во периодот од неколку последни години. Изложбата е проект којшто е подржан од страна на Министерството за култура.

 

 

За делата од најновата продукција на Емил Солески , Никола Јованоски ќе запише:

 

“Каменот и пламенот како симбол на вечноста ги премостуваат времињата за конечно да сфатиме колку сме мали пред минливоста на мигот во споредба со бесконечниот тек на звукот на каменот и пламенот. Искри на живот, темел на постоењето, а можеби и отпор кон минливоста.

 

Можеби се малку овие зборови за да се одгатне загатнатото од Солески кој упорно го бара звукот на каменот во неговите постојани напори да се разгатне моментот на соочувањето на величината на нескршливоста на каменот и неговиот опстој во времето и просторот. Овојпат Солески се претставува со нова димензија, спој на музиката и каменот, спој на звукот и нескршливоста, преточени во форми кои наликуваат на музички инструменти, а од кои некаде во нашата потсвест ѕуни екот на каменот и ни пренесува пораки од дамнини. Солески на еден препознатлив, за него, начин, со совршено мазни линии во скулптурата ги слеал размислите на раѓањето, на звукот и неговото брановидно пренесување низ просторот и времето. Да, велам и во времето бидејќи неговите безвременски форми во било кој простор и во кое било време ќе го доловуваат звукот на каменот. А пламенот? Да пламенот во уметниковата душа е оној што постојано не тера да се нурнуваме кон непознатото и да создаваме за иднината…“

 

 

Биографија  

 

Емил Солески е роден 1969 г.  во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

 

Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 г. ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република“.

 

Самостојни изложби:

2002 – „Прогресија“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2003 – „Корија“ –. Чифте амам – Прилеп

2003 – „Корија“ – Галерија „Никола Мартиноски“ – Крушево

2007 – „Птица“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2010 – „Скици“ – Споменик „Илинден“ – Крушево

2014 – „Слива“ – Ц.К. „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево

2017 – „МОМЕНТ“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

 

Групни изложби:

2002 – студенти на Ф.Л.У. – „дом на АРМ“ – Скопје

2008 – Берат – Албанија

2008 – Ц.К. „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево

2007, 2011, 2013, 2015, 2017, 2019 – „СКУЛПТУРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ“ – Куманово, Струмица, Прилеп

2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 – Д.Л.У.П. – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2018 – „Мапирање во Крушево“ – Споменик „Илинден“ – Крушево, Участак – Прилеп

 

Монументална скулптура:

2009 – Бисти на народните херои – Могила на непобедените – Прилеп

2012 – Пере Тошев, Пеце Атанасовски – Прилеп

 

Работи како ликовен педагог во Крушево. Живее во Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи