Незаконско изградените згради и надградби нема да може да се легализираат

Facebook
Twitter
Email
Print

Проширените, доградени и надградени спратови и тераси на станбените згради нема да можат да се легализираат со новиот закон кој Владата го усвои на последната седница. Целта била да се стави крај на непрописното градење и да се задржи отпорноста на земјотреси на старите градби.

 

„Со овој закон нема да можат да се легализираат бесправни објекти со намена А2, односно домување во станбени згради  како и бесправни доградби и надградби на зградите, на пример терасите. За да може да се легализира бесправниот објект, тој треба да е компатибилен со намената на планската документација, а доколку постои неусогласеност со планската документација или пак објектот се наоѓа надвор од планскиот опфат, Советот на единицата на локална самоуправа треба да одлучи дали објектот ќе може да се вклопи во планската документација“, појасни министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на прес-конференција.

 

Предлог законот кој веќе е испратен во Собрание нема да важи ниту за спорните објекти кои се изградени во заштитеното подрачје во Охрид.

 

„Во рамките на охридскиот регион, ќе  може да се легализираат само оние објекти кои што претставуваат функционална целина до 1 октомври 2019, кои според студиите за оцена на влијание врз животната средина и студиите за оцена на влијание врз културното наследство не ги загрозуваат универзалните вредности согласно УНЕСКО“, додава Сугаревски.

 

Оние објекти кои се во заштитени подрачја, национални паркови, покрај реки или езера, покрај мислење од општината – за легализација ќе треба да се бара согласност и од институциите.

 

Со новиот закон наместо легализација за едно евро по метар квадратен ќе треба да се плати целата сума за комуналии колку што чини во Општината и плус казна од 50 насто на вкупната сума. Новите цени нема да важат само за социјалните случаи. Исто така предметите за легализација на дивоградби кои се во тек ќе продолжат според стариот закон

 

Со новиот закон се предлага комплетната легализација да заврши за пет години, а според Сугарески оние објекти за кои нема да се поднесат барања за легализација, ќе се уриваат.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи