Голем дел од земјоделците често пати не се доволно запознаени што треба да направат и кои точно документи им се потребни за да земат учество во постапката за доделување на државно земjоделско земjиште. Не се доволно запознаени ниту со тоа по која постапка се доделува истото, а не знаат доволно ниту што е електронското јавно наддавање, ниту пак како се одвива тоа.
Во ова едукативно видео се објаснети сите најчесто поставувани прашања на земјоделците и објаснета е целата постапка што се е потребно за да еден земјоделец аплицира и учествува при доделувањето на државно земjоделско земjиште.
Ова едукативно видео е изработено во рамките на проектот „Државното земjоделско земjиште во рацете на моќните олигарси или каj вистинските земjоделци“, коj што го спроведува Рурална Коалициjа, а кој што се реализира во рамки на проектот „ГО и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција” поддржан од ЕУ, а го спроведуваат Транспарентност Македониjа и НВО Инфоцентар.
Погледнете го видеото и запознајте се со целата постапка.