ВИДЕО – Прилеп ја одбележа градската слава Свети Никола, в година домаќини „Футура“

Прилеп 14-ти пат го одбележа својот патрон празник Свети Никола. Чествувањето започна со Божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“ со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан, а присуствуваа и владиците Петар и Климент. Празнувањето потоа продолжи пред Параклисот на Свети Никола во центарот на градот, каде се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач. Главната порака на црквата годинава беше воведување на веронаука во училиштата.

 

 

Децата ако не ги научиме на вистинските вредности како ништо да не сме направиле“, истакна Владика Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.

 

 

 

 

Беа упатени и пораки за еднаквост, хуманост и помагање на оние кои немаат.

 

Убавата мисла, хуманоста, солидарноста, посветеноста, слогата, почитувањето да бидат вредности кои ќе не водат идната година“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Годинава домаќин беше прилепчанецот Киирил Небрежанец со семејството, а кумството за в година го презеде Тони Тарунџиоски.

 

Да е напомош празникот, Господ на сите добро да ни дава и да не чува од лошо“, кажа Кирил Небрежанец, домаќин на славата.

 

„Посакувам овој празник, нашата градска слава да опстои уште многу години и да биде сииноним на слободниот дух и гордост на сиите прилепчани“, потенцираше Бисера Небрежанец, домаќинка на славата.

 

„Би сакал да заблагодарам на укажаната чест за да идната година бидеме домаќини на градската слава“, рече Тони Тарунџиоски, иден домаќин на славата.

 

 

 

 

Прилепчани се горди на овој ден, а специјално за овој ден во центарот на градот на славската трпеза доаѓаат и гости од соседните градови.

 

 

Јас доаѓам специјално секоја година од Битола, чест е да се биде тука, напомош да е и да се слави уште долги години“, рече еден посетител на славата.

 

„Јас сум од Крушево, овој празник е голем и свет за цела Македонија и цел македонски народ“, вели друга посетиттелка на славата.

 

По повод празникот во Прилеп се одржува и голема хуманитарна акција во сите цркви во градот каде се поставени специјални кутии за паричнии донации за социјално ранливите категории, а за истата цел ќе бидат наменети и средствата собрани од свеќите кои се продава во центарот на градот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи