ВИДЕО : Тешка година, немање соодветна инфраструктура, без капитални инвестиции на државата, одлив на работна рака и недоволна заштита на домашното производство

Тешка година, со многу турбуленции и нереализирани очекувања. Ова е оценката на бизнис секторот од Прилеп за годинава која изминува. Според стопанската комора една од главните причина за оваа ситуација бил масовниот одлив на работна рака во странство, но и немањето соодветна патна инфраструктура. Се стопираше изградбата на ексресниот пат Градско-Прилеп, а постоечкиот пат кој е единствен што ја спојува Источна и Западна Македонија е во катасрофална состојба.

 

 

„Сметаме дека една од причините поради кои не можеме да ги постигнеме посакуваните рерзултати е нашата инфраструктура или немање на иинфраструктура ии отсекување на целиот Пелагониски регион со останатиот дел на земјата“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора.

 

Според градежниците лошата состојба се должела на тоа што државата немала капитални инвестиции.

 

„Се уште не сме ние таква развиена економија за да можеме без интервенција на државата да имаме обезбедено работа и да имаме добра клиима за работа“, кажа Гордан Бошкоски, градежна компанија.

 

Извозно ориентираната прехрамбена индустрија се соочила со ненадејно драстично поскапување на репроматеријалите од увоз.

 

„Од една страна имаме зголемување на цените на суровините на репроматеријалите, а не можеме автоматски да ги зголемиме цените и на нашите готови производи“, изјави Наташа Стојкоска, прехрамбена индустрија.

 

Се бара и поголема државна заштита на домашното производство.

 

„Регулативата не е на високо ниво и голем дел од нашите производин не се наоѓаат соодветно или пак со соодветен процент на рафтовите на хипермаркетите во нашата земја. Сметам дека тука дефинитивно треба да си го заштитиме нашето производство“, додаде претседателката на регионалната стопанска комора Јакимоска.

 

„Од бившите ЈУ простори најголем проблем имаме во една бивша ЈУ република каде што сме најмалку присутни каде што нивните кондитории и прехрамбени индустрии се многу заштитени од нивната влада. Би требало да имаме реципроцитет, исто да се однесуваме и ние како држава спрема нашиите конкуренти“, потенцираше Стојкоска.

 

Компаниите бараат и преструктуирање на образованието според потребите на пазарот на труд во земјава.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи