Апелација ги укина пресудите за „Титаник 2“

Facebook
Twitter
Email
Print

Апелација ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, кои добија по три години затвор во предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше за влијание врз одлука на ДИК за време на локалните избори во 2013 година.

 

Kривичниот суд во Скопје во март годинава ги осуди за примање награда за противзаконско влијание, бидејќи Сашо Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, побарал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

 

Според првостепената пресуда, Мијалков беше осуден на казна затвор од три години, Тачи на затвор од 3 години и два месеца, а останатите тројца поранешни членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, беа казнети со по три години затвор. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими доби казна затвор во траење од 4 години и шест месеци.

 

Овој случај го покрена СЈО. Првично беа опфатени и петмина судии на Управниот суд кои се повикаа на имунитет, а обвинението за нив отпадна.

 

Со оваа одлука случајот повторно со враќа во Кривичниот суд. Апелациониот суд се уште не ја потврдува информацијата и оттаму велат само дека одлуката е донесена, но не е напишана, а е предвидено да се објави до крајот на годината.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи