ВИДЕО – Првото бебе во 2020 во Прилеп е машко

Весна Стојкоска од Прилеп е мајката на првото родено бебе во Прилеп во новата 2020 година. Ова е нејзино трето бебе. Бебето се родило тешко 3.630 грама. Стојкоска се породила на неполни 3 часа од почетокот на Новата 2020 година. Ова утро Стојкоска ја посети градоначалникот Илија Јованоски и и подари штедна книшка со 15.000 денари.

 

„Ова е мое трето дете, машко е, многу сум задоволна од екипата на гинеколошкото одделение тука, се помина во најдобар ред. И другите две мои деца се машки“, истакна Весна Стојкоска, мајка на првото бебе во Прилеп во 2020 година.

 

„Ја користам оваа прилика на сите граѓани на Прилеп да им ја честитам Новата 2020 година, ова утро сме побогати со 2 машки бебиња, спонтано породени, со идентична тежина од 3.630 грама. И мајката и бебето се во одлична состојба, посакувам 2020 година да биде поуспешна со уште поголем број на бебина“, изјави Изабела Чочево Талеска, доктор на гинеколошкото одделение во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи