ВИДЕО – Апасиев : Заев заминува во политичка пензија, ќе коалицираме само со тој што ќе го поништи Преспанскиот договор, Левица ќе освои 5 пратеници

Поддршката за „Левица“ секојдневно расте и тоа е во насока на природниот тек за тоа дека дека луѓето си бараат 3-та опција. Позициите наши се јасни Левица пред изборно оди сама на избори, постизборно би коалицирале со партија или мандатар кој ќе го поништи Преспанскиот договор и тоа се нашите црвени линии. Доколку не се најде таков тогаш ние ќе останеме парламентарна опозиција. Ова беа главните ставови на претседателот на Левица Димитар Апасиев на отворањето на новиоите канцеларии на партијата во Прилеп.

 

 

„Избори ќе има, договорен е тој Пржински формат на Влада, што според мене грешка е што ДПМНЕ се нафати на таков формат, требаше веднаш после дебаклот за недобивање на датум за почеток на преговори за ЕУ да се оди на брзи предвремени избори и распуштање на Собранието, но се испушти тој момент, а до тогаш мислам дека ќе има неколку утешни награди, како приемот во НАТО, ако помине ратификацијата во Шпанскиот парламент. Тоа ќе го искористат спинерите на владеачката партија демек као еве се движиме на Прав пат. Тоа ќе им донесе плус неколку гласа, но целата слика ќе биде дебакл и пасокизација на владеачката партија и мислам дека Заев ќе замине во заслужена политичка пензија после целото зло кое го нанесе со Преспанскиот договор“, истакна Апасиев./

 

Според Апасиевв било политички блеф на владеачката партија дека тие сакааат промена на изборниот модел.

 

„Са сакаа тие досега ќе го воведеа тој нов модел, имаа за тоа 3 години. Бидејќи големите партиии губат 3 до 4 пратеника од старт никогаш нема да го променат моделот се додека не им запрети некоја препорака од ЕУ, па така го сменат. Но ние веќе учествувавме на ваков изборен модел. Постоечкиот изборен модел е убиствен за малите партии, дури хипотетички вие може да освоите 30 илии 40.000 гласа, а да немате ниту еден пратеник, што е нон сенс. Затоа што во секоја изборна едниница ви требаат по 8 до 9.000 концентрирани гласови за да барем носителот на листа да влезе. Овој модел нема да биде променет, ние сме подготвени и под овој модел на учествуваме и да освоиме пратеници. Реалните очекувања се тие што во овој момент Левица е околу 4% реална тежина, тоа значи во бројка околу 50.000 гласови, ако споредите на минатите избори левица освои 13.000, ние сме задоволни, но текк допрва почнува кампањата, се надеваме на зголемување на тој скор и мое лично мислење е дека барем носителите на листа од прва до петта изборна единица дека имаат реални шанси да влезат во парламент, што значи 5 пратеници“, додаде Апасиев.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи