ВИДЕО – Чествување на празникот Богојавление – Водици во црквата Свето Благовештение во Прилеп

Чествувањето на празникот Богојавление – Водици во Прилеп започна уште рано утринава во 04.00 часот кога во сите храмови во Прилеп се одржа Света Божествена литургија која заврши околу 6.30 часот. Според традицијата веднаш по завршувањето на литургијата во дворовите на сите цркви се одржа и Богојавленскиот водосвет.

 

 

Како и секоја година најмасовно беше во црквата Свето Благовештение или позната кај народот како Стара Црква каде стотици граѓани во дворот на црквата носеа гулаби и во моментот кога се пееше тропарот за празникот тие ги пуштаат гулабите да летаат. Тоа е една интересна традиција која со векови опстојува во Прилеп.

 

Гулабите се симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил крстен од страна на Свети Јован Крстител.

 

Одбележувањето на Богојавление ќе продолжи во 11 часот во Аква паркот Салида каде ќе се фрла Светиот крст. Празникот Богојавление – Водици во Прилеп секоја година зема се поголема масовност околу неговото чествување.

 

Годинава за да се фрлаат по Светиот крст во градот под Марковите кули се пријавиле 110 кандидати од кои 6 се девојки. Најмалиот пак учесник кој ќе се фрла по крстот е Вања Ѓорѓиоски роден 2010 година, а најстариот пријавен е Роберт Стојаноски роден 1969 година.

 

Пријавувањето за фрлање по крстот е веќе завршено, а истото се случува традиционално на третиот ден од Божик или 9-ти јануари. На сите оние кои сакаа да бидат дел од оваа манифестација им се бараше да имаат крштално сведителство како и тоа да бидат во добра здравствена состојба.

 

Исто така бидејќи водата и времето се ладни во соработка со локалната власт обезбедени се и спасители и екипи од Итната помош.

 

За оној кој ќе го фати крстот од црквата како поклон ќе добие Икона со крштевањето на Господ Исус Христос, Општина Прилеп ќе му подари Крст, а додека една приватна компанија спонзор на манифестацијата телевизор.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Чиј концерт би сакале да проследите во Прилеп ?

View Results

Loading ... Loading ...

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.