ВИДЕО – Макалоска : За 2,5 години СДСМ обезбеди повисоки плати во образованието за 21%, за прв пат после 10 години

СДСМ го исполни дадениот збор пред просветните работници и ги зголеми платите во образованието. Само за две и пол години власт на СДСМ, вработените во основното, средното, високото образование и во науката, добија вкупно покачување на платите за скоро 21 отсто. Истакна на денешната прес конференција Гордана Макалоска, член на Надзорен одбор на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ова е најголемо зголемување на платите во образовниот сектор во последните 10 години, кое го добија над 32.000 граѓани – вработени во образованието и науката. Од нив, над 1.000 се вработени во образовните институции во општина Прилеп, кои почнувајќи од 1 јануари годинава добиваат повисоки плати во просек за 4.500 денари.

 

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 7 години ги зголеми платите во образованието за околу 800 денари, а ние за само две и пол години обезбедивме просечно покачување за околу од 4.500 денари.

 

За разлика од минатите Влади на ВМРО-ДПМНЕ и нивните празни предизборни ветувања за покачување на платите, а кои после секои избори наместо зголемени плати воведуваа се’ построги механизми и казни за контрола на просветните работници, ние го реализираме дадениот збор и го мотивираме наставниот кадар

 

Со досега најголемото покачување на платите и со серија на конкретни инвестиции за подобрување на условите за работа во образовните институции, ја браниме честа и достоинството на професијата наставник“, истакна Макалоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.