Прилепчаните Христина Микулек и Миланчо Попоски помеѓу Хероите иноватори на БЕРИН за 2019

Христина Микулек и Миланчо Попоски се прилепчаните кои се најдоа на листата помеѓу 12-те иноватори за 2019 на Агенцијата за заштита на интелектуалната сопственост Берин. Тие се најдоа тука поради освоената награда на „Еконова 2019” за нивниот пронајдок „Велосипедски безбедносен елек”.

 

Целта на оваа ииновација била да се заштитат велосипедистите, возачите на електрични скутери и други слични превозни средства. Постигнато е елекот да дава сигнализација и денски, не само ноќе, што е уште еден плус во безбедноста во сообраќајот.

 

Христина Микулек и Миланчо Попоски се дел од тимот на физичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп кои работеа и на проектот на Смарт еко клупата на соларни панели, а исто така иновации на физичката секција се и корпата за отпадоци која работи на сензори, како и лежалка на соларна енергија.

 

 

 

 

 

Останатите иноватори од Македонија според Агенцијата Берин се следните :

 

 

Ги издвојуваме од сликата (од горе лево):

 

-Петар Индовски;
-Маријан Ненов;
-Фросина Мешкова и
-Дејан Кордошки;

Кои храбро решија да бидат и Меѓународни херои, поднесувајќи Меѓународни пријави за своите патентни.

-Пандо Петковски;
-Даниела Ризова

Кои од Меѓународната изложба “TAIWAN INNOTECH EXPO 2019” во Тајван донесоа медали!

-ПАКОМАК- Филип Ивановски;

-FOR LADY- Сања Лазаревска;
-VAURON – Драганчо Саздов.

Кои го збогатија домашниот удел со своите патентни пријави!

-Христина Микулек;
-Орхан Багашов;
-Миланчо Попоски.

Кои како најуспешни младите херои – пронајдувачи, ги откривме и наградивме на МАКИНОВА и ЕКОНОВА / 2019, Меѓународните изложби за пронајдоци, иновации, нови технологии и производи!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи