Изгоре „Цитроен Џампер“ и објект во Мажучиште

На 25.01.2020 во 07,30 часот било пријавено дека во с.Мажучиште-прилепско, на паркинг просторот од објектот Заводи за сушење тутун од Тутунски комбинат-Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило „Цитроен Џампер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р. (51) од с.Беровци.

 

Огнот се проширил на спратот од стражарницата, а бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица-Прилеп. Од пожарот целосно изгорело возилото, како и дрвената настрешница и кровната конструкција на спратот од објектот.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи