Не се издаваат возачки дозволи поради недостиг на обрасци, а снемува обрасци и за пасоши

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи не издава возачки дозволи бидејќи нема обрасци, а снемува и од залихите на обрасци за издавање пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денес објасни дека од истите причини доцнело и издавањето лични карти.

 

„Имаше недостиг на лични карти при што од 26 декември некаде до 16/7 јануари се чекаше за издавање лични карти. Имаше недостиг на возачки дозволи, сè уште не е пристигната новата пратка на возачки дозволи, треба да пристигне кон крајот на овој месец, поради тоа и се кочи тука кај возачките дозволи, а има недостиг и на пасоши, образец тип А. Веднаш бев алармиран за овој проблем и ги презедов сите неопходни дејствија за негово надминување. Веднаш испратив писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до Министерството за внатрешни работи,  при што веќе се стигнати обрасци за лични карти, ги очекуваме обрасците за возачки дозволи, а за патни исправи има обрасци некаде до средината на февруари“, изјави Чулев.

 

Причина за недостигот, според министерот, се лошите анализи за набавки од раководството кое не зело предвид дека годинава ќе има зголемена побарувачка на лични исправи поради изборите, поради измените за издавање лекови на рецепт исклучиво со документ за идентификација, а не биле соодветно преброени и документите издадени пред 10 години чија важност истекува и граѓаните ќе побараат обновување.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи