ВИДЕО – Каракачанов провоцира, Гоце Делчев е Македонец никако Бугарин, а состојбата со Македонците во Бугарија е катастрофална

Гоце Делчев е симбол за непокорот и борбата за слобода на Македонскиот народ. Тој е Македонец и никогаш нема да биде Бугарин. Ова беа главните заклучоци на денешниот 19-ти по ред „Семакедонски собир“ во Прилеп каде се одбележаа 148 години од раѓањето на Делчев. Вчерашната изјава на бугарскиот министер за одбрана Каракачанов дека Гоце Делчев бил Бугарин ја сметаат за чиста провокација и небулоза.

 

 

„Исто така и на Димитрија Чуповски не му било побарано руско државјанство кога во Санкт Петерсбург основал македонско национално и културно друштво, нешто на ранг на МАНУ денес. Исто така на Гоце Делчев не му било побарано српско државјанство кога се обидел да се запише на воена академија во Белград. Така што тие изјави во денешно време се дегутантни. Како здружение можеме да му покажеме над 70 трудови на луѓе, мали истражувачи, за тоа што бил, како бил и што се чувствувал Гоце Делчев. Само едно нешто провејува во неговото дело, а тоа е слободата на Македонија“, истакна Илија Богатиноски, претседател на граѓанско здружение „НЕ-ИМА“, организатор на собирот.

 

 

За жал иако на денешната средба биле поканети сите историчари од Друштвото за наука и уметност во Прилеп никој не сакал да дојде да зборува јавно за Гоце Делчев. Организаторите на овој собир сметаат дека се работи за страв и автоцензура.

 

„Денеска постои скоро меѓу сите голем степен на автоцензура. Сметаат дека во моментов тоа можеби нема да биде добро разбрано“, додаде Илија Богатиноски, претседател на граѓанско здружениеи „НЕ-ИМА“

 

На собирот имаше и Македонците од Бугарија, Албанија и Грција. Од ОМО „Илинден“ истакнаа дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија буквално ништо не се подобрило за нив. Се уште Бугарија не сакала да ги регистрира како здружение.

 

„Продолжувањето на геноцидот спрема Македонците и асимилацијата нема да запрат за брзо. До надлежната Агенција пуштаме документи за регистрација за 6-7 месеци не одбиваат 5 пати. Ние сме трн во окото на владеачката партија“, рече Димитар Парасков, престедател на ОМО „Илинден“.

 

 

 

Македонците во Бугарија и Грција немаат никакви права, а ситуацијата се подобрувала во Албанија, каде утре треба да се донесе ии новиот Закон за малцинства. Но и во Албанија не е секаде признато постоење на македонско малцинство.

 

„Со донесувањето на овој закон сите институции во Албанија ќе се обврзат да ги почитуваат правата на малцинствата. Македонците ги има во Албанија, присутни се, тежок е нивниот живот, иако делумно некаде се признати меѓутоа во поголемиот дел не се признати“, истакна Ефтим Митрески, „Македонска Алијанса“ од Албанија.

 

Заклучоците од овој Семакедонски собир како и секоја година се испраќаат до македонската и владите на соседните држави.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи