Чулев најави итна истрага за наводното јавно конзумирање на кокаин од страна на прилепски полициски службеник

Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ќе го испитува случајот со полицаецот од Прилеп кој, како што објави порталот А1Он, шмркал кокаин на сред кафеана и во текот на работното време. Оваа информација ја сподели техничкиот министер за внатрешни работо Наќе Чулев на својот службен фејсбук профил. Тој изрази осуда на овој чин.

 

„Во однос на објавите во медиумите со наслов ‘полициски кадар шмрка кокаин на јавно место и за време на работно време’ најпрво изразувам силна осуда на ваков чин кој ниту прилега и доликува на било кој граѓанин, уште повеќе на полициски службеник“, напиша Чулев.

 

 

Министерот додава дека побарал од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди целосно да ги испита наводите објавени во текстот и да постапи во согласност со законските прописи.

 

„Истовремено го повикувам медиумот што поскоро до истиот оддел да ги достави сите релевантни докази поврзани со конкретниот случај“, напиша Чулев.

 

Тој вели дека нема да дозволи „ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија со било какво несоодветно однесување и постапување. Законите важат за сите, а особено за полициските службеници и сите останати лица кои се вработени во МВР“.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи