ВИДЕО – Стомнароски : Тутунарите да не стравуваат, ќе биде откупен секој произведен килограм тутун што е договорен

Сите оние кои имаат за предавање тутун, да не ги фаќа некоја паника, да не ги манипулира некој дека тутунот нема да се откупи, јас гарантирам затоа што седнавме со откупувачите кои дадоа гаранција дека тутуот ќе биде откупен до килограм се што е договорено. Ова денеска го истакна Менде Стоманроски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

 

„Ако досега за 50 дена се откупени 25 милиони и 300 килoграми, сега до 1 март има уште 20-тина дена и оние преостанати количини од 600 до 700 тони дека ќе бидат превземени во целост. Сакам да ги повикам тутунарите доколку некоја откупна компанија не сака да го им го откупува тутунот, а имаат договор, да не известат нас, ние ќе го известиме инспекторатот ќе излезиме на лице место и во целост ќе биде откупен тутунот“, истакна Стомнароски.

 

Стомнароски рече дека тие доставиле и нов правилник за откуп на тутун до Министерството за земјоделство.

 

„Бараме тутунот во наредна реколта да се проценува во 3 класи како што беше во последниве 2 години и како што фирмите го откупуваа до јануари. И бараме третата берба, квалитетната трета берба, да влези во прва класа. Бараме повисоки цени и да нема повеќе од 60 денари од класа до класа. За прва класа бараме 300 денари, за втора класа 240 денари и за трета класа бараме 180 денари“, додаде Стомнароски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи