ВИДЕО – Жителите на Суводол го блокираа патот Прилеп-М.Брод, бараат дислокација на околните каменоломи

Жителите на селото Суводол во близина на Македонски Брод го блокираа регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод во знак на протест поради тоа што на само 30-тина метри од нивните куќи се наоѓаат два каменоломи. Велат дека повеќе не можат да живеат со секојдневни детонации, огромно загадување со прашина воздухот, а веќе видливи биле и оштетувањата на куќиите кои започнале да пукаат.

 

 

„Имаме оштетувања на сите објекти во селово. Друго, оштетувања на гробиштата и на црквата, оштетување на школото“, рече Жарко Тодороски, претседател на месна заедница.

 

„Минирањето го врши со 5 и пол тона, одеднаш кога ќе се активираат, целото село, горниот дел посебно, луѓето од страв не знаејќи што се случува истрчуваат од куќите, а по нив и децата плачејќи“, истакна Ѓорѓија Ристески, жител на село Суводол.

 

Жителите имаат поддршка и од локалната самоуправа и бараат дислокација каменоломите. Велат дека иако еден од каменоломите имал и забрана за минирање од министерството за економија еден од каменоломиите тој продолжувал со минирање.

 

„Уште за полошо, луѓево протестирале таму, биле, ама полицијата правела асистенција на Хаби градба да го изврши минирањето, иако тој имаше забрана да минира на таков начин“, додаде Ѓорѓија Ристески, жител на село Суводол.

 

„Ревизија како е дојдено до таа концесија на околу 30 метри од објектите да се даде таа концесија“, дополни Жарко Тодороски, претседател на месна заедница.

 

Еден од сопствениците на каменоломите истакна дека имале решение дека не загадуваат и дека не им прават штета на жителите. Призна дека следното минирање треба да го прават под надзор на инспектори за да се утврди што точно се случува. Но најави и тужби против претседателот на месната заедница за овие протести.

 

„Ние минираме по најнов систем сега што е и не е точно дека ставаме по 5 тона динамит, тоа го правиме на повеќе пати. Немаат никаква штета ниту пак сеќаваат кога, ако не известиме тие нема ни да знаат кога тоа се случува, кога се минира“, истакна Сафет Топалоски, сопственик на каменолом.

 

Жителите протестот и блокадата на патот ја продолжуваат и утре.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи