Запалено возило во Прилеп

Утрово околу четири часот на улицата „Ножот“ во Прилеп запалено е моторно возило.

 

Неофицијално, возилото марка мерцедес било забележано дека гори околу 4 часот во дворот на сопственикот В.Р.

 

Противпожарната единица го локализирала пожарот, а полицијата се очекува да објави детали околу причините за настанот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.