76 години од смртта на Кузман Јосифовски – Питу, најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ во Македонија

 

Кузман Јосифовски – Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи. Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет.

 

За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“.

 

Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот.

 

Така во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња – Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други.

 

По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол.

 

 

Кузман Јосифовски – Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година. Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник.

 

Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија). Кузман успеал да се извлече и да побегне, но стигнал само некој километар подолу од некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник.

 

За убиството на Кузман неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година, и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци.

 

Одредени пак историски сознанија откриваат дека постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ–Темпо до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија.

 

На 2 август 1945 година посмртно бил прогласен за народен херој на Југославија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи