ВИДЕО – Протест на Еурокомпозит пред Општина Прилеп – бараат склучување на договор со МВР за да можат да работат

Вработените на Еурокомпозит кои неколку месеци се оставени само на себе, со затворена фабрика, исклучена струја, без работа и без плата, денеска повторно протестираа пред Општина Прилеп. Бараат државата да го продолжи договорот со нив кој МВР го склучила во 2015 година. Велат доколку се продолжи под иитно тој договор за производство на панцири ќе можат да живеат неколку месеци до завршувањето на изборите, кога очекуваат новата влада конечно да им го реши проблемот.

 

 

„Единствена шанса да преживееме овие неколку месеци е овој договор од 2015 година. Тој е постоечки договор, нема да претставува проблем за да се потпишува нов договор со Влада. Репроматеријал за испорака на договорот имаме за половина, ако тие ги сработиме, требаше министерот Чулев да дојди да се потпише еден анекс на договорот, да ги испорачаме тие што ги имаме, тие да ни платат, со тие пари да купиме репроматеријал за другата половина од договорот, да испорачаме и со тие средства ќе може да поминиме 3-4 плати до избори“, истакна Жарко Орданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

„Можеме да работиме, ако ја платат струјата, да пуштат по некој денар аванс, сега доаѓа Прочка, Велигден, ние сме во безизлезна ситуација. Ние сме 60 мина, не сме многу, можат да го решат проблемот ако сакаат“, додаде Зоран Бошески, вработен во Еурокомпозит.

 

Исто така на сметката од Фондот за пензиско осигурување се уште не биле легнати парите за неисплатените придонеси од 2012 до денес. Закон кој иако се донесе, не се реализираше. 150-тината вработени кои заминаа како технолошки вишок сега и тие незнаат што понатаму.

 

„Пет месеции поминаа нема мрднато од мртва точка. Ние бевме во Скопје и постојано не лажат, еден апел до Владата да се заложат во најскоро можно време, да се донесе тој закон, еднаш е донесен незнам уште што треба да се чека“, истакна Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.  

 

На вработените не им се исплатени и околу 18 плати, а оние кои заминаа како технолошки вишок треба да добијат по уште околу 60.000 денари и за отпремнина.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи