ВИДЕО – Јованоски: Од утре стартува јавниот повик за субвенционирање на климаинвертори и велосипеди

За подобрување на животната средина во Општина Прилеп, а во насока на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух во нашата Општина, Советот на Општина Прилеп во буџетот за 2020 година издвои 6 милиони денари за субвенционирање на климаинвертори и велосипеди. Истакна денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Јованоски истакна дека 4 милиони денари ќе бидат издвоении за субвенциии за климаинвертори и 2 милиони денари за велосипеди.

 

 

„Со тие 4 милиони денари за климаинвертори ќе бидат опфатени околу 400 семејства на кои ќе им бидат субвенционирани најмногу до 10.000 денари, а за велосипеди субвенцијата ќе биде најмногу до 5.000 денари.  Исто така и со субвенциите за велосипеди ќе бидат опфатени околу 400 семејства. Со оваа мерка сакаме да придонесеме за подобрувањето на животната средина и чистиот воздух и  да ги поттикнеме граѓаните да не се греат на огревно дрво, јаглен и нафта. Се надеваме дека тие 400 семејства ќе ги користат тие клима инвертори во наредните години, а исто така граѓаните кои ќе бидат  субвенционирани со најмногу 5.000 денари за велосипеди се надевам дека нема да ги користат моторните возила туку ќе ги користат овиие велосипеди“, истакна Јованоски.

 

Субвенционирањето ќе биде на принципот прв дојден, прв услужен. Пријавувањето започнува од утре 3 март, па се до 31.03.2020.

 

„Најбитно за апликација на граѓаните ќе биде да приложат фискални сметки со кои ќе се докаже дека овие инвертори или велосипеди се купени од 3 март па се до крајниот рок на повикот. За поставувањето на клима уредите ќе има формирано комисија од општината која ќе контролира каде ќе бидат тие вградени. Така што ќе се остават скоро никакви услови за некакви шпекулации и кршење на правилата“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи