И Мицкоски вети изградба на нов театар во Прилеп

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска презентираше сет мерки од изборната програма на партијата, меѓу кои тој вети нови современи театри во Скопје, Прилеп и Битола како и делегирани буџети за културните установи.

 

„Се обрзуваме на обнова која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата. Ова ќе значи повеќе заштеда за граѓаните и повеќе достапна култура. Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање на културни настани-продажба на билети,за изнајмување на простор,за организирање на културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливост на институциите.

 

Се обрзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје. Конено Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар. Се обрзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата Музеј на Македонија согласно современите архиктектонски стандарди. Се обрзуваме на обнова која ќе значи капитален проект за Дигитализација на културното и уметничко наследство, а воедно истото да го сочуваме од заборавот на времето кое ќе стане подостапно за јавноста“, посочи Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи