ВИДЕО – Законот за спречување и заштита од дискриминација недоволно се спроведува, се уште постои страв од пријавување на овие случаи

Дискриминацијата во Македонија постои во голема мера. Иако Законот за спречување и заштита од дискриминација е донесе веќе една година тој не се спроведува како што треба на терен, а претходниот состав на Собранието не го изгласал ниту составот на Комисијата за заштита и спасување од дискримиинација. Дискриминацијата ја имало најмногу кај маргинализиираниите групи, како луѓето со попреченост, ЛГБТ заедницата, оние кои употребувата дроги, Ромите и другите помали етнички заедници. Овие податоци беа денеска изнесени на јавната трибина во Прилеп која ја органиизираше Мрежата за заштита од дискриминација, која ја промовираше новата национална кампања „Дискриминацијата завршува со мене!“.

 

 

„Ромите се секаде дискриминирани. Прво ако ги видите училиштата, станува збор за сегрегација во образованието, со самото тоа што ќе видите дека Ромите, најчесто во сите општини, живеат во периферни места во градовите, немаат пристап до соодветно домување, немаат пристап до вода за пиење и други комунални услуги. Станува збор за системска дискриминација. Луѓето со попреченост се секако дискриминирани и во пристапот за вработување и во пристапот до добра и услуги, и од приватниот и од јавниот сектор. ЛГБТ луѓето страдаат од стигма и дискриминација, со самото тоа што некој не може отворено да живее во еден град и да ја каже својата сексуална ориентација, ни кажува дека некој се плаши од стигма, од дискриминација, од исклучување, па дури и од насилство кое често се случува. Жените секако страдаат од дискриминација особено при вработувањето. Сите овие случаи што ги слушате дека некој бил отпуштен од работа, или не бил продолжен договорот за вработување поради бременост, тоа станува збор за дискриминација кон жените, односно дискриминација врз основа на род“, истакна Драгана Дрндаревска, правна советничка коалиција „Маргини“, Мрежа за заштита од дискриминација.

 

Според Мрежата за заштита од дискриминација немало голема ажурност на институциите при спроведувањето на овој закон. Сметаат дека за да се охрабрат луѓето да пријавуваат дискриминација трабало да слушнат некој позитивен пример дека е решен некој случај и дека човекот кој пријавил повеќе не се соочува со дискриминација.

 

„Ажурноста на институциите и не е така на високо ниво, бидејќи секој има проактивна обврска да го спроведува законот, со тоа што треба да се преземаат конкретни мерки да се инвестира во еднаквоста. Знаете, спречувањето и заштитата од дискримнација го штити правото на еднаквост на граѓаните,  што не е ново во Македонија. Тоа не потекнува од ЕУ, нашиот Устав го гарантира правото на еднаквост одамна, меѓутоа еднаквоста само како декларативна заложба, доколку нема некакви ефекти во стрварност, односно доколку гледаме дека луѓето не живеат во еднакво општество, не значи многу“, додаде Дрндаревска.

 

На дебата присуствуваа и претставници од канцеларијата на Јавниот правобранител од Битола кои рекоа дека пријавувањата за дискриминација во овој дел на Македонија се мали бидејќи според нив се уште имало страв од пријавување на вакви случаи.

 

„Поднесени се многу мал број на претставки по основ на дискриминација, што секако не ја отсликува реалната слика во локалната самоуправа. Дискриминација во локалните самоуправи има и тоа е најчесто врз основа на политичко убедување и етничката застапеност. Најмногу по овие основи се поднесуваат претставки, поточно се разговара во подрачните канцеларии после секој изборен процес, затоа што вработените во општинските администрации сметаат дека невработувањето, распоредувањето на друго работно место, непродолжувањето на договорите склучени на определено работно време се по основ на нивно политичко убедување, односно нивната припадност кон опозициската партија која во моментот е во локалните власти“, вели Лилјана Илиеска, заменик народен правобранител, во подрачната канцеларија во Битола.

 

За да се зголемело пријавувањето на дискриминацијата според канцеларијата на Јавниот правобранител требало да се намали стравот на граѓаните од можни поголеми последици од дискриминаторот. Да се зголеми едуцираноста за тоа кои случаи се сметаат точно за дискриминација и како трето општинската администрација требало да се обучи за да се намали степеност на дискриминација кои некои службеници го правеле секојдневно намерно или ненамерно во своето работење.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи