ВИДЕО – Две години Стибера заборавена од државата – археолозите го обвинуваат директорот, тој демантира и вели дека Министерството не дава пари

Втора година по ред еден од најзначајните археолошки во Македонија, Стибера кај Прилеп не добива ниту денар за истражувања од Министерството за култура. Раководителот на истражувањата Душко Темелкоски вели дека ова е скандалозно, а за тоа го обвинува директорот на прилепскиот Завод и Музеј, кој според него јавно изјавувал дека нема да ги поддржува проектите од археологија. Такво писмо според Темелкоски директорот упатил и до Министерството. Поддршка на Темелкоски му даваат и археолозите Оливера Богатиноска и Владимир Крстески.

 

 

„На Стибера е откриен објект кој едиинствен таков објект се наоѓа на земјиште во државен посед, единствен објект кој може да се конзервира, сите објекти кои ги истражувавме претходно веќе ги засипапавме под земја бидејќи се наоѓаат на приватно земјиште. И тој објект сега стои од тие две претходни кампањи отворен, недоистражен, го јади забот на времето, а директорот вели едноставно нема потреба од археологија“, вели Душко Темелкоски, археолог во Завод и Музеј Прилеп.

 

Директорот, Благоја Атанасоски, признава дека негов личен став е дека во овој момент тој дава предност на заштитата на спомениците на културата што биле над земјата отколку на археологијата. Но демантира дека тој побарал од Министерството да не даде пари за Стибера. Годинава локалитетите Алкомена, Стибера и црквата во Зрзе од нејасни причини ги немало ниту во одбиените, ниту во прифатените проекти. Затоа на археолозите им понудил тоа да се реши со пренамена на средства.

 

„Ние ќе зафатевме некои средства, ќе појдеа на терен, ќе го доистражеа тој дел што е проблематичен на Стибера и ќе го решевме проблемот. Ние имавме добиено средства за конзервација на тој дел. 80.000 денари имаме добиено за конзервација на тој дел ако се доистражеше. Ако јас сум бил против таму значи и тие средства немаше да ги добиеме“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

Негрижата на државата или влошените лични односи и годинава ќе ја остават македонската Помпеја оставена на забот на времето, а нашата историја закопана длабоко под земјата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи