Богоески : Болницата во Прилеп нема недостаток на заштитна опрема, ги демантирам шпекулациите на социјалните мрежи

Болницата во Прилеп нема недостаток на заштитна опрема како што се заштитни маски, мантили, нараквици и друго. Ова за Инфо Компас го изјави директорот на Општата Болница во Прилеп, Драган Богоески, откако утринава на социјалните мрежи се прошири известување потпишано од него каде на медицинскиот персонал му се препорачува да штеди при употребата на заштитни маски.

 

„Точно е дека јас дадов таква препорака за домаќинско употребување на заштитните маски за персоналот кој работи во операционите сали, да не ги фрлаат при секое влегување и излегување од салите, туку иситите да ги користат се додека работат. Таа препорака ја дадов не дека болницата во моментов нема залиха на маски, туку затоа што не знаеме во иднина како ќе се одвива ситуацијата и мора сите одговорно да се однесуваме. Гледате дека границите се затвораат, цел свет, не само ние бара и купува маски, така што добивме информација од дел од добавувачите дека може во иднина да се појават одредени проблеми. Затоа и ја дадов таа препорака. Да повторам, во моментов, ја имаме сета потребна опрема, нема недостаток“, истакна Богогоески.

 

Богоески апелира да не се шират лажни вести во вакви моменти на социјалните мрежи, а уште помалку целата работа да се злоупотребува за политички поени и цели.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи