ВИДЕО – Патот Прилеп-Битола наскоро ќе се пушти, но се уште без конкретен датум кога ќе биде готова и клучката кај ТИРЗ Прилеп

 

Регионалниот пат Прилеп-Битола кој е блокиран од лани од септември поради изградба на клучка кај ТИРЗ Прилеп се очекува набрзо да биде пуштен во употреба. Но се уште нема кокретен датум кога конечно клучката ќе биде готова чија изградба доцни неколку месеци од предвидениот рок.

 

 

„Доцнењето од 6 месеци не е тоа баш така, затоа што имавме високонапонски кабел чија дислокација одзема многу повеќе време од тоа што беше планирано. Имаше и други непредвидени работи кои што се случија. Доцнењето е од непредвидени работи,, објективни причини“, истакна Александар Младеноски, директор на ТИРЗ Македонија.

 

Инаку во прилепско во тек е реконструкцијата на 8 км. од патот Прилеп-Витолиште за Мариово, a се реконструира и постоечкиот пат Прилеп – Скопје во делот помеѓу Дреново и Фариш во должина од околу 10 км.

 

Паралелно за постоечкиот пат очекуваме да биде распишан тендер за делот од Фариш до Прилеп во должина од 19 км. А дополнително за преостанатите 4 км. каде на постоечкиот пат каде има само 2 ленти, таму ќе има проширување со реконструкцијата и за тоа наскоро ќе биде распишан тендер“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

Во април ќе имало и тендер за експресниот пат од Фариш до Дреново чија изградба е стопирана откако Владата го раскина договорот со шпанската Рубау. Делницата на експресниот пат од Градско до Дреново се градела без проблем.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи