ВИДЕО – Поради корона вирусот од утре полиција ќе ги контролира граѓаните од Кривогаштани, Пласница и Долнени кои влегуваат во Прилеп

Поради корона вирусот Регионалниот Кризен штаб за управување со кризи при Општина Прилеп вечерва донесе одлука сообраќајната полиција од утре до понеделник да врши контрола на граѓаните од Кривогаштани, Пласница и Долнени кои влегуваат во Прилеп. Се претпоставува дека во овие општини има голем број граѓании кои се вратиле од високоричните земји, особено Италија и неконтролирано се движат во Прилеп.

 

 

„Штабот донесе заклучок со тоа што имаме проблем во нашиот град со неконтролирано доаѓање на граѓани од соседните Општини како Кривогаштани, Пласница и Долнени, посебно од Пласница, каде граѓаните доаѓаат и се враќаат во својата општина, особено од Италија и сакаме да го спречиме тоа неконтролирано влегување во нашиот град. Дадовме предлог до сообраќајната полиција од нашиот град утре сабота, во недела и понеделник до одржувањето на седницата на Советот за безбедност да имаме сообраќајна полиција на влезовите на Прилеп, каде сообраќајната полиција ќе ги контролира сите граѓани кои доаѓаат од овие високо ризични земји. Тоа како безбедносна контрола на овие граѓани сметам дека ќе донесе плод и ќе се намали опасноста за инфекција или за можност за доаѓање на тие граѓани во контакт со нашите граѓани од нашиот град. Како превентива мислам дека тој заклучок е добар“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Штабот донесе уште неколку други заклучоци и тоа во координација со директорите и раководителите на здравствените институции во Прилеп.

 

„Да се направи епидемиолошка анкета на сите сомнителни случаи кои доаѓаат од средно и високо риизиичките држави, а тоа се од нашиот регион државите како Италија, Франција и Германија. И мислам дека сите граѓании кои доаѓаат од тие земји мора да се јават во Центарот за јавно здравје. Ако евентуално имаат некои проблеми или симптоми на корона вирусот ќе им биде земен брис од носот и од устата, и истите ќе бидат испратени во Институтот за Јавно здравје во Скопје, а пациентот потоа се става во изолација. Ако е од полесен карактер во домашна изолација, а во изолација во собата за изолација во инфективното одделение во Прилеп ако е од потежок карактер. Се чека 24 часа за добивање на резултатите и ако граѓанинот е позитивен на тестот со возило на Итната помош се упатува во Клиниката за инфективни болести во Скопје“, додаде Јованоски.

 

Беше донесен и заклучок дека во моментов во општина Прилеп нема заболени од Корона Вирусот. Во понеделник пак ќе се одржи и седница на Советот за безбедност со Претседателот на државата во Скопје.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи