Во крушевско Бучин пронајдени гранати во двор и во нива

 

 

На 13.03.2020 во 16.20 часот СВР Битола, Г.К. од с.Бучин, крушевско, пријавил дека при копање во двор од сопствената куќа, пронашол стара граната кал.25 мм, која потекнувала од Првата светска војна.

 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната.

 

Исто така во Бучин Т.М.(50) пријавил дека при работа во нива, во атар на с.Бучин, пронашол стара неексплодирана топовска граната кал. 75 мм. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи