Епидемијата ќе го достигне пикот за еден месец, се очекуваат над 2.000 заболени

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче очекува пикот во Македонија да биде за еден месец и да заболат околу 2.000 лица. Тој истовремено информира дека до крајот на неделата треба да стигнат 200 аспиратори од Кина и значителна бројка на маски.

 

„Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Преземавме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму сè што треба, се со цел да застанеме на патот на ширењето на инфекцијата. Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, ограничете го движењето, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца таму каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете 20 до 30 секунди. Од сите нас зависи, од сите поединци, компании, институции, максимално сериозно мора да пристапиме на ова прашање, Повеќе пати кажав дека ова не е шега“, потенцираше Филипче и додаде дека единствениот начин е сите да се однесуваме одговорно.

 

Министерот посочи дека ако има потреба ќе ги заоструваат мерките. Апелираше на децата и хроничните пациенти да седат дома.

 

„Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем заради тоа што искуствата од другите земји покажуваат дека заразата се шири и кога е здравствениот систем оптоварен. Сите овие мерки што ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме остар пик, нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главната работа што значи тоа да здравствениот систем може да го апсорбира овој удар, за што сме подготвени со капацитети, опрема, кадар кој е подготвен да ротира по потреба“, појасни министерот и дополни дека сите 200 анестезиолози, 440 медицински сестри, дополнително на оној кадар со кој сега располагаме, сега се подготвени да се вклучат во третманот на ова заболување.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи