ВИДЕО – Дел од прилепските текстилни компании денеска започнаа со производство на заштитни маски

Заштитните маски и ракавици деновиве се најбараниот производ не само на Балканот туку и во поширокиот регион. Поради нивната зголемена побарувачка на светско ниво има недостиг од овие производи, а полека започнува вистинска борба да се дојде до нив. Токму поради ова Русија веќе го забрани извозот на маски до 1 јуни, Чешка денеска заплени 700.000 маски од компанија која започнала нивна продажба по далеку повисока цена од реалната.

 

 

На Балканот пак денеска Словенија ја доби првата поголема пратка од 1,5 милиони заштитни маски кои ќе се распределат пред се кај медицинските лица, а додека Бугарија и Србија им наложија на своите фабрики кои произведуваат маски да го зголемат максимално производството. Исто така Владите на нашите соседи упатија апел и до текстилните фабрики во нивните земји кои не се занимаваат со ова во најбрз можен рок дел од производството да го пренаменат за производство на маски.

 

И додека во регионот овие иницијативи доаѓаат од самата држава, кај нас тие започнаа од приватниот сектор. Компаните „Gifty текст“, „STAN MK“, „Кули“ и „Фешн линк“ од Прилеп доброволно се вклучуваат во борбата против корона вирусот со бесплатно шиење на заштитни маски. Филип Миленкоски, раководител на „Gifty текст“ телефонски ни изјави дека денеска започнало првичното производство на маски кои веќе пратени на стерилизација во прилепската болница. Според Миленкоски овие маски на почетокот ќе бидат проиизведувании само за јавните институции и здравствениите работници во Приилеп, затоа што немаат таков капацитет да произведуваат и за останатите граѓани. Тие веќе имале средба со локалната самоуправа на Прилеп од каде добиле голема поддршка. Трошоците за работна рака ќе бидат комплетно на товар на компаниите.

 

И од компанијата „Daniel Kristensen“ од Кочани се огласија преку социјалните мрежи дека одлучиле како општествено одговорна компанија да изработат заштитни маски кои бесплатно ќе им бидат поделени на граѓаните кои не успеале досега да ги обезбедат, како и на вработените во Општа Болница и Министерството за Внатрешни Работи кои се први на удар во одбрана на здравјето и сигурноста на граѓаните.

 

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска истакна дека засега имало од каде да се набават заштитни маски, но доколку има потреба од соработка со бизнис секторот заеднички ќе излезеле со решение.

 

„Засега има од каде да се набават маски, но ако се случи нешто секако во преговори, не со наложување, сметам дека бизнис секторот и тоа како се става на располагање во ова криза, јас сум навистина среќна што самии пристапуваат, ги понудуваат своите капацитети. Јас сум сигурна дека некој од нив истото ќе го предложи и дека заеднички ќе излеземе со понуда доколку има потреба од такво нешто“, истакна Мила Царовска, Вицепремиерката за економски прашања.

 

Иако Вицепремиерката за економски прашања вели дека има од каде да се набават маски граѓаните ја демантираат и велат дека во аптеките ширум Македонија не можат да се купат потребните заштитни средства како што се маски, ракавици или антибактериски гелови.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи