ВИДЕО – „Чин 4 Сцена 5“ започнува со читање на книги на интернет за полесно пребродување на седењето дома

 

Бидејќи не можеме да работиме во конвенционална смисла на зборот, ние решивме да ви читаме книга. Како прва книга е „Малиот принц“, книга за деца и возрасни, која е четиво кој секој од нас мора да го прочита барем еднаш во животот. Информираат од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

„Нашиот член Леона денес ќе ви ги чита деловите 1 – 3, а од утре секојдневно ќе објавуваме по 3 дела од „Малиот принц“, кои ќе ви ги читаат нашите членови.  Се надеваме дека со ова ќе придонесеме во пребродување на овие времиња“, велат од „Чин 4 Сцена 5“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи