ВИДЕО – Богоески : Граѓаните да бидат совесни по враќањето од странство да се пријават и да останат во самоизолација, тоа е наквалитетна заштита од вирусот

 

ИЗВОР : СИТЕЛ

 

 

Господине Богоески, колку нашиот медицински персонал од Општата болница, кој што е во првите борбени редови за справување со овој вирус се подготвени и што се презема овие денови на овој план?

 

Општата болница навремено се спреми за оваа новонастаната ситуација. Обезбедени се во доволни количини дезинфекциони средства, обезбедени се во доволни количини заштитни средства за справување со корона вирус. Во инфективното одделение обезбедена е просторија за изолација доколу се утврди дека некој е позитивен на корона вирус со два кревети, а дополнително имаме и просторија со 8 кревети во случај да има некоја експанзија на забоелни од корона вирус, се до нивното транспортирање до соодветните установи кои се предвидени на ниво на држава, да тука бидат сместени.

 

Апелираме исто така до сите граѓани, сомнителни лица со некои симптоми на корона вирус, кашлица и температура, прво да се јават на телефонскиот број кој е даден од Центарот за јавно здравје, при што ќе бидат исконсултирани и дадени соодветни насоки. Во случај да не можат да добијат линија, тогаш сите лица со покачена температура, со симптоми на кашлица, прво да се јават на инфективното одделение, никаде на друго место да не одат, значи директно во инфективното одделение, каде докторите специјалисти, инфектолози, сестрите се обучени за да пристапат на такви пациенти.

 

Како што рековте имаме соба за изолација, можните пациенти остануваат тука или се носат во Скопје ?

 

Значи во таа соба за изолација, ако е сомнителен до добивање на резултат после земањето на брис, затоа што ние сме спремени од страна на докторите специјалисти и средно медицинскиот персонал кој е со нив, да се земи квалитетно брис, кој се упатува до Институтот за јавно здравје во Скопје каде се обработува, и ако е позитивен тогаш останува тука, или пак ќе се носи според препораките на повискоите здравствени установи.

 

Дали ќе се транспортира, колку време тука ќе остани, ќе добиваме инструкции. А ако е негативен тогаш оди во домашни услови, значи нема да биде лекуван во нашата болница.

 

Друго што сакам да апелирам до нашите граѓани е да бидат совесни, секакво сознание за враќање од надвор од нашата држава на наши граѓани од ризични подрачја, обавезно да се пријават и да останат во самоизолација. Најквалитетна заштита од ширењето на корона вирус ни е избегнување на контакти, посебно на лица кои се можеби носители на корона вирусот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи