ВИДЕО – Николоска : Чекаме резултат од еден брис – контактираме со сите во самоизолација во Прилеп, Крушево, М.Брод, Пласница, Долнени и Кривогаштани

ИЗВОР : СИТЕЛ

 

 

Колку брисеви имате досега земено од страна на граѓаните и каков е нивниот резултат?

 

Досега имаме земено 3 брисеви од граѓани, од кои два се негативни на корона вирус, а едниот резултат го чекаме во текот на денешниот ден. Сакам да им кажам на граѓаните на град Прилеп дека Центар за јавно здравје формираше 6 екипи со лекари специјалисти и други здравствени работници и соработници, кои што работат по стандардни оперативни процедури за во вакви ситуации. Истите избршија обука за тоа како се користи личната заштитна опрема и како се зема брис од лицата кои се потенцијално заразени со корона вирусот.

 

Кои понатамошни мерки ги презема во овој момент Центарот за јавно здравје, знаеме дека се врши и дезинфекција на одредени установи во градот?

 

Центарот за јавно здравје изврши дезинфекција на сите здравствени установи, на сите градинки на територијата на општина Прилеп, Крушево и Македонски Брод, основните и средни училишта и сите јавни комунални, односно претпријатија кои што работат на територијата на град Прилеп.

 

Оние кои сакаатм да се испитаат, да им биде земен брис, како може тоа да го направат, дали треба да дојдат директно во Центарот за јавно здравје или пак може тоа да го направат контактирајќи ве преку телефон?

 

Значи апелирам до сите граѓани, не треба да се доаѓа во Центарот за јавно здравје, затоа што ги изложуваме на опасност сите оние контакти кои ќе ги направат во текот на доаѓањето во Центарот за јавно здравје. Има телефон кој што е поставен секаде, го знаат сите, слободно да ѕвонат, тој е достапен 24 часа. Ќе се јават епидемиолозите и ќе им дадат препораки како треба да се однесувааст во вакви ситуации. Сите лица кои што се ставени во самоизолација на територијата на град Прилеп, општина Крушево, Македонски Брод, Пласница, Долнени и Кривогаштани, контактираат со епидемиолозите од ЦЈЗ и добиваат упатства како треба да се однесуваат. Апелирам до сите млади луѓе што помалку да се дружат во групи, да не ги посетуваат своите баби и дедовци, да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, кои што секој ден се менуваат, односно се додаваат нови и само така ќе можеме да ја држиме ситуацијата под контрола.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи