На повидок уште една спортска ѕвезда од Прилеп на Македонското небо

Уште еден потпишан професионален договор на Џ.К.Бушидо и натпреварувачката Елена Малиновска. Од клубот велат дека на повидок уште една спортска звезда на Македонското небо.

 

„На 15 март управата на Џ.К.Бушидо потпиша професионален договор со една од своите такмичари која со само 14 години се дрзна да се бори во сениорска конкуренција и успеа да се закити со бронзен медал на Државниот џудо натпревар кој беше одржан неодамна во Прилеп. Малата Малиновска не и е прв пат да изненадува на вакви натпревари. Претходната година таа се закити со голем број медали од меѓународните и државните натпревари низ балканските земји“, вели тренерот Рубин Пеески.

 

Инаку ова е втор професионален договор на Џ.К.Бушидо, претходниот го потпиша со џудистката Теодора Ристеска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.