Се забранува движење на сите граѓани во сабота и недела од 16 часот до 5 часот

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.

 

Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.

 

Остануваат на сила и сите други претходно  донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, рече Хоџа. 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.