Трета жртва од коронавирусот, почина 66 годишна пациентка од Дебар

 

 

Коронавирусот денес ја зеде и третата жртва во Македонија. На Клиниката за инфективни болести починала 66-годишната пациентка од Дебар заболена од коронавирусот, која подолго време беше на респираторна машина.

 

„Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа“, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

 

Тој додаде дека починатата пациентка била на 66-годишна возраст и оти во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија, односно висок крвен притисок.

 

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март. Тие во земјава допатувале од Италија. Првично беа во стабилна состојба, но потоа на жената и се влоши здравствената состојба и беше поставена на респиратор.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.