Поставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од Општина Прилеп информираат дека тие како локална самоуправа заедно со Општинскиот штаб за управување со кризи ги интензивираат мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните. За таа цел, денеска во функција биле ставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп. Автоматските прскалки кои се поставени на сите 4 влезови во градот, користат специјално дезинфекционо средство и работат на принципот на активирање на сензор.

 

„Истовремено, продолжува дезинфекцијата на влезовите во зградите и на сите населби во градот. Во текот на денешниот ден, со цистерни на Територијалната противпожарна единица без дезинфицирани улиците во населбата Варош. Во акцијата беше вклучено и возило на ЈКП „Водовод и канализација“, кое вршеше дезинфекција на потесните улици во населбата, во кои поголемите возила и цистерни немаат пристап. Денеска се дезинифицираа и улиците во населените места Големо и Мало Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци и Алинци. Дезинфекцијата се вршеше со механизација на месното население, а дезинфекционите средства ги обезбеди општина Прилеп“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи