Десетти заболен со корона во Прилеп, 44 нови случаи во Македонија

 

 

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени се 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово – 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

 

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:

 

• Скопје- 175
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 14
• Тетово – 10
• Прилеп – 10
• Струга – 7 • Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1

 

Mинистерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично опструктивен бронхит), хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи