ВИДЕО – Дали Ковид 19 ќе го затвори и Гентерм? – Затворена амбулантата на Јованоски поради заразена сестра со корона

Затворена е амбуланта „Ортомедика“ во сопственост на прилепскиот градоначалник Илиија Јованоски поради заразување со корона вирус на една од медицинските сестри. Во амбулантата работеле 4 мина. Градоначалникот денеска ги демантираше информациите кои кружат на социјалните мрежи дека и тој имал контакт со заболената од Ковид 19.

 

 

„Во последните 15-тина дена воопшто се немам сретнато со никој од овие вработени во оваа здравствевна организација. Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации. Веднаш после потврдувањето на случајот, согласно препораките на надлежните служби, амбулантата е привремено затворена, а останатите членови од медицинскиот персонал се наоѓаат во самоизолација. Тие разговараа со епиидемиолошката служба и иим беше кажано дека во наредните денови ќе им бидат земени брисеви и ќе бидат тестирании“, истакна Илија Јованоски, градоначалик на Прилеп.

 

По вчерашното затворање на една текстилна компанија во Прилеп поради тоа што една од вработените се зарази со корона вирусот, денеска во Прилеп се отвора прашањето дали истото може да и се случи и на најголемата странска инвестиција во овој град Гентерм.

 

„Јас денеска разговарав со директорот на компанијата Гентерм каде што еден од вработените таму, неговото дете е со позитивен тест на корона вирус, мојата сугестија беше да се консултира со епидемиолошката служба во Прилеп, го упатив таму и да се превземат сите предострожности и сите мерки за најдобра можна комбинација како би работела фабриката“, додаде Јованоски.

 

Од Гентерм истакнаа дека превземени се сите мерки за превенција и заштита на вработените, ќе се извршело и дезинфекција на фабриката, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи