ВИДЕО – Ристески : ОК на ВМРО-ДПМНЕ предлага сет на мерки за справување со економската криза и помош на стопанството во Прилеп

Пандемијата предизвикана од корона вирусот освен што претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, е вистинска опасност која се одразува и по економијата, секојдневниот живот на граѓаните и работењето на деловните субјекти. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до Советот на Општина Прилеп предлага низа конструктивни мерки, кои ќе бидат од огромна корист за угостителските објекти, занаетчиите, дуќанџиите во чаршијата, но и сите други погодени стопански субјекти, како и граѓаните кои губат работни места, со цел справување со економската криза. Истакна на денешната прес конференција, Петар Ристески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 


Прес конферецијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Предлагаме: 

 

 

  1. Предлагаме намалување за 50% на данокот за имот за тековната 2020 година, како и 50% на данокот за наследство и подарок;

 

  1. Целосно ослободување од плаќање на фирмарина на деловните субјекти за 2019 и 2020 година.

 

  1. Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните простории (вклучително и летните тераси пред угостителските објекти до крајот на 2020 година)

 

  1. Предлагаме и намалување за 50% на сметките за вода и комунални услуги за најпогодените физички и правни лица во период од 6 месеци.

 

  1. Во периодот додека трае кризата да се раскинат сите договори на дело на лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања, авторски договори и слично, мерка со која ќе се заштедат околу 10 милиони денари.

 

  1. Предлагаме и укинување на сите непродуктивни трошења на Локалната самоуправа и јавните претпријатија, вклучително и на средствата предвидени за репрезентација, како и рационално и ограничено користење на возниот парк на институциите. На овој начин ќе се заштедат цели 5 милиони денари.

 

 

Ова се мерки кои ќе значат заштеда на голема сума пари, но истовремено и ќе обезбедат дополнителни парични средства за граѓаните и стопанските субјекти во справувањето со оваа глобална пандемија.

 

Предлагаме мерки, кои во овој период кога сите угостителски објекти не работат, кога речиси целата чаршија е затворена, а дел од граѓаните остануваат без работа, ќе значат надеж дека некој се грижи за сите.

 

Со оглед на тоа дека пандемијата зема замав во Прилеп и бројот на заболени од коронавирус секојдневно се зголемува, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка структура комплетно ги става на располагање сите свои човечки капацитети на Локалната самоуправа, а со цел заштита на здравјето на граѓаните  и што поефикасно справување со оваа глобална опасност.

 

Ова е време кога е потребна солидарност, кога секоја подадена рака е добредојдена, кога секоја понудена помош треба да се прифати и кога треба да заборавиме на егоизмот и политичкото профитирање“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи