Прилепчанецот Рубин Лефтер : Позитивен сум на Ковид 19, се заразив на работа во Обвинителството!

 

Рубин Лефтер е првиот прилепчанецот кој јавно призна дека е заразен со корона вирусот. Преку својот ФБ профил упати апел до сите оние кои имале контакт со него, доколку почувствуваат било какви симптоми, да се јават во Центарот за јавно здравје. Според коментарите на граѓаните на социјалните мрежи ова е потег за поздравување кој треба да го направи секој оној кој има Ковид 19 за да се стопира ширењето на корона вирусот.

 

„Пријатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на корона вирусот. Моментално сум хоспитализаран во Прилепската болница. Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работеа во Основното јавно обвинителство во Прилеп и Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почувствуваат било какви симптоми, да се јават во Центарот за јавно здравје.

 

Вирусот го добив на работа при контакт со вработените во Основното јавно обвинителство во Прилеп.

 

Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место, од 18 март се наоѓам во самоизолација, како и моето семејство“, вели на својот ФБ профил Рубин Лефтер.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи