И Крушево на мапата на градови со заразени од Ковид 19, први два случаи на позитивни со корона

 

 

По резултатите добиени од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп откриени се првите два случаи кои се позитивни на вирусот ,,Ковид 19″, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

 

Лицата се во изолација и во добра општа состојба. Инспекциските служби заедно со здравствените работници од градот работат на откривање на кругот на контакти кои ги имале заболените со цел да се спречи проширување на заразата.

 

„Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, заболените лица се сместуваат во контролирана изолација. Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат и се наоѓаат дома, лошо е оговањето, паушалните и непроверени заклучоци и стигматизацијата која се прави кон овие лица.

 

Должни сме непроверените и паушални муабети и оговарања да ги пресретнеме се со цел да не се ствара паника и омраза меѓу моите сограѓани.

Нека ги поминат во мир 14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата.

Мора да преовладува разумот, состојбата на човечност, колективност, каков што секогаш сме го имале. Нема место ниту простор за паника!

 

Останете во своите домови со Вашите семејства, почитувајте ги препораките на Министерството за здравство и оставете на професионалците да си ја завршат својата обврска. Само заедно ќе излеземе посилни од оваа глобална светска пандемија, која за жал, не не одминува ниту нас како општина и град Крушево“, напиша Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи