Поради заразен вработен со Ковид 19 се затвора крушевската „Фалко“ – заболените крушевчани поврзани со кластерот „Плодност“ од Битола

 

Текстилната фабрика „Фалко“ во Крушево, каде се вработени околу 60-тина вработени, од утре нема да работи бидејќи еден од вработените е позитиивен на корона вирусот, останатите вработени одат во самоизолација, вели градоначалникот на Крушево Томе Христоски. Инаку денеска корона вирусот за прв пат се регистрираше кај 2 лица во овој град.

 

Се постави пунктовско работење на влезовите од Крушево од страна на пол.службеници и патроли по населените места кои ќе преземаат соодветни мерки при поголеми собирања и непочитување за време на полицискиот час;


Фабриката за конфекција ,,Фалко” во Крушево од утре нема да работи, вработените ќе бидат во самоизолација;


Се преземаат мерки од страна на инспекциските служби и Центарот за Јавно Здравје од Прилеп за испитување, земање на брисеви на други граѓани кои биле во контакт со заболените;


Се забрануваат посети и собирања во групи од страна на граѓани кои вообичаено овој период во Крушево се групираат по куќни имендени.Им се укажува на сопствениците и славениците воедно да избегнуваат вакви собирања;


Сите граѓани кои имаат симптоми на покачена температура, кашлица, трески веднаш да пријават и се јават на матичните лекари, но и тие кои биле во контакт со потенцијално заразени или во контакт со лица кои дошле од странство.Да се избегнува
самолекување со цел прикривање на настинка и вирус. Истите граѓани веднаш да пријават во Центарот за Јавно Здравје Прилеп“, пишува на својот ФБ статус Томе Христоски.

 

Христоски вели дека двајцата новозаболени од Крушево биле во блиски роднински врски со лекарот гинеколог од Прилеп, вработен во битолската гинеколошко акушерска болница „Плодност“.

 

Општината ги презема сите неопходни мерки во превенција на ,,Корона вирусот” како што е дезинфекција на институции под централно и локално ниво, влезови од згради, деловни објекти и ходници каде има поголема фреквенција на луѓе и каде има опасност заразата да се прошири.Исто така набавивме доволен број на заштитни визири, маски и ракавици со кои ги заштитуваме службите кои директно се изложени на ризик од инфицирање и заболување.


Штабот ќе биде свикан или ќе биде контактирано заради понатамошна координација по насоките и после преземените мерки што ги спроведуваат соодветните служби.


Нема место за политиканство и собирање на ситни политички поени на ниту една политичка партија или поединец, оставете ги службите непречено да си ги обавуваат нивните задачи, за тоа се обучени и платени.Единствено ќе помогнете ако ги почитувате
. Ќе се избориме заедно и сложно!“, вели Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи