Џудо клубот Сеишин Прилеп со соодветна акција за поддршка на ветераните над 65 годишна возраст

 

Џудо клубот Сеишин Прилеп во овие моменти кога се спроведуваат посебни мерки и ограничувања на движење во врска со Ковид 19 превзеде соодветна акција и за своите најстари членови ВЕТЕРАНИ над 65 годишна возраст. Тоа се оние луѓе на кои сега им е најпотребна помош од помладите, тоа се оние кои би можеле да бидат најпогодени и за нив важат поригорозни мерки.

 

Имено претставници на Џудо Клубот Сеишин Прилеп денес ги посетија домовите на оваа категорија Џудисти Ветерани и им врачија пакети со помош во смисла на заштитна опрема (маски и ракавици) средства за дезинфекција како и витамински суплементи и напитоци.

 

Младите членови на ЏК Сеишин исто така се на располагање доколку им е потребно на оваа категорија лица и да им набавуваат неопходни намирници или лекови кои им се неопходно а со цел да не ги напуштаат своите домови како не би се довеле до состојба на ризик.

 

Џудо клубот Сеишин Прилеп оваа идеја ја реализира на клубски ниво по примерот на Српската Џудо Федерација која деновиве интензивно е насочена кон помош на своите Џудо Ветерани!!! Мотото на оваа акција е: ДЕЦАТА СЕ ИДНИНАТА НА ЏУДОТО, ВЕТЕРАНИТЕ СЕ БЕСЦЕНЕТО ИСКУСТВО НА ЏУДОТО!!!

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.