САД ни донираат 1.1 милион долари помош во борбата со коронавирусот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

САД донираа 1.1 милион долари за борба против коронавирусот, соопшти американската амбасада. Парите се обезбедени преку УСАИД за Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ да спроведат активности во справувањето со Ковид-19.

 

„Во време на неизвесност и вознемиреност поважно од кога било е да се работи заедно. Убедена сум дека оваа поддршка значително ќе придонесе во борбата против ковид-19 во Северна Македонија“, рече американската амбасадорка Кејт Брнс.

 

Дел од помошта, како што објаснуваат во соопштението, ќе биде насочена за подготовка на лабораториските системи за зголемување на капацитетот за тестирање, за обучување на тимовите за брз одговор и испитување на случаи, за превенција на ширењето на заразата во здравствените установи и др.

 

Во текот на изминатите 20 години, САД инвестираа скоро 11,5 милиони американски долари само во здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија, во низа области, вклучувајќи безбедност, земјоделство, граѓанско општество, економски развој, создавање работни места, женско претприемништво и образование.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи