Ристески : За време на оваа криза „Водовод“ склучил договор за времени вработувања од скоро 18 мил. денари, а Општината склучила анкекс за мостот кај Сточен пазар за уште 230.000 евра

 

Владеачкото мнозинство на СДСМ во Прилеп на денешната седница на Совет одби на дневен ред да се најдат мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Истакна на денешната прес конферецнија претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 


Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„Предложивме:

 

  • Намалување на данокот на имот за 2020г за 50% и данокот за наследство и подарок.
  • Целосно ослободување од плаќање на фирмарина за 2019г и 2020г
  • Целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните објекти(вклучително и летни тераси) до крајот на 2020г
  • Намалување на сметките за вода и комунални услуги за 50% за најпогодените физички и правни лица од мерките против корона ворусот во следните 6 месеци

 

Наместо тоа и за време на пандемија СДСМ Прилеп преку јавните претпријатија склучува договори за вработување.

 

ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра

 

Исто така, наместо да се размислува за помош на граѓаните, власта на СДСМ во Прилеп си ги тера своите тендери и постапки, а таков пример е и изградбата на мовчето во населбата Сточен пазар чија првична вредност беше 500.000 евра.

 

Цели 10 месеци таму не се работи ништо, но сега во време на пандемија и вонредна состојба, општината склучи анекс договор во вредност од 230.000 евра“, вели Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи