ВИДЕО – Николоска : Доколку се придржуваат на сите препораки, иако имале позитивен на Ковид 19, фирмите може да работат

 

Доколку се придржуваат на сите препораки иако имале позитивен на Ковид 19 фирмите може да работат, истакна Драгица Николоска, дииректорка на Центарот за јавно здравје во Прилеп.

 

 

„Тука е санитарната инспекција и само таа може да изврши затворање на фирма. Иако има позитивен, доколку се придржуваат на сите оние препораки кои што треба да ги почитуваат, тогаш нема проблем да продолжат со работа, доколку ги почитуваат сите препораки. Овие сите 3 фабрики се доброволно, на добра волја на работодавачите, затворени на одредено време“, истакна Николоска.

 

Деновиве до нашата редакција стигнаа повеќе поплаки дека дел од компаниите каде беше утврден корона вирусот по само неколку дена пауза повторно ги викале работниците да работат.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи