Голема донација од Витаминка за социјално ранливите категории во Крушево

Компанијата Витаминка на општина Крушево донираше неопходни намирници од кои ќе се подготват 150 пакети за семејства во социјален ризик, лица со посебни потреби и стари и изнемоштени лица, информираат од Општина Крушево.

 

„Сакам да се заблагодарам за оваа голема донација од Витаминка затоа што истата ќе ја користат оние кои се најзагрозени во овие моменти. Уште еднаш компанијата покажа дека е општествено одговорна и покажа зошто е една од најуспешните македонски компании“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по приемот на донацијата.

 

Досега се реализираа неколку донации за општина Крушево, претежно во заштитна опрема, додава градоначалникот Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.