Извидништвото никогаш не запира – 30 дневен извиднички онлајн предизвик за сите млади

Во периодот кога скоро сите активности на извидничките одреди и другите организации кои работат со млади се суспендирани со цел превенција на ширењето на COVID 19, Сојузот на извидници на Македонија го воведе 30 дневниот извиднички онлајн предизвик, наменет и во овој период да ги едуцира и да ги држи младите луѓе активни од дома.

 

Во текот на 30-те дена колку што ќе трае предизвикот, сите извидници, но и останати деца и млади кои сакаат квалитетно да го пополнат своето време, ќе имаат можност преку низа
едукативни и забавни активности да ги надградат своите знаења, да се дружат онлајн со своите врсници и да освојуваат награди и признанија. Дел од активностите се: изработка на импровизиран камп во домашни услови, готвење, учење на знаковен јазик, изработка на заштитни маски, учество на Earth Hour 2020, итн. Во првите 5 дена, повеќе од 1.000 извидници, деца и млади имаа земено активност учество во оваа активност.

 

“Како експерти во областа на неформалното образование и развивање на вештини кај деца и млади луѓе, обврска на извидниците е да продолжиме да го правиме тоа што знаеме да го правиме најдобро – континуирана едукација на децата и младите и нивна поддршка“ изјави Владимир Костовски, Генерален Секретар на Сојузот на извидници на Македонија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.